Дома Топ вести Станува сериозно: „Л’Eкип“ тврди дека ПСЖ мора да продава еден од – Мбапе и Нејмар!

Станува сериозно: „Л’Eкип“ тврди дека ПСЖ мора да продава еден од – Мбапе и Нејмар!

До пред неколку недели изгледаше незамисливо, но после појавувањето на документите на „Фудбал Ликс“ во јавноста многу работи се променија.

УЕФА трпи голем притисок од европската аристократија, а во Париз се свесни дека и покрај астрономските суми кои ги потрошија се уште се во сенка на најголемите европски гиганти. Освен тоа тие како да се свесни дека УЕФА наскоро би можела да ги казни поради прекршување на финансискиот фер плеј.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму поради тоа денес на насловната страна на реномираниот „Л’Екип“ се појави вест дека ПСЖ поради страв од жестоки санкции идното лето би можел да продаде еден од Нејмар и Килијан Мбапе.

Воопшто не е тешко да се лоцира точниот момент кога го навлекоа гневот – летото во кое искешираа 402 милиони евра за Нејмар и Мбапе! Продажбата на играчи како Пасторе, Моура и Гонзало Гуедеш не помогна многу.

Сите знаеме каде лежи вистинската сила на „светците“ и токму таму гигантите сакаат да удрат – во Доха!

До пред неколку недели не можеше да се замисли, но сега заминувањето на Нејмар или Мбапе станува реалност. Наводно, ПСЖ ќе го избере Нејмар (да остане). Пред се тој е поголема ѕвезда од Мбапе (носи повеќе пари). Посебно во Азија, а тоа е еден од приоритетните пазари на Ал Келаифи – првиот човек на ПСЖ.

Од друга страна пак, 20 годишниот Мбапе можат поскапо да го продадат. Се проценува на најмалку 250 милиони евра, додека Нејмар тешко дека може да биде продаден за поголема сума од 222 милиони (сума за која што беше доведен).

Кога се потенцијалните купувачи во прашање тука нема многу дилеми. Мабпе. Ако го продаваат Мбапе тука е Реал. „Кралевите“ се уште немаат пронајдено вистински наследник на Роналдо. Навистина, Флорентино Перез и Ал Келаифи веќе со месеци не се во добри односи, но овој пат и двајцата би можеле да имаат корист.

И Нејмар секако се поврзува со Реал, но „Екип“ се повикува на гласини од Англија и смета дека тука Манчестер Јунајтед би можел да биде главниот фаворит (ако се решат него да го продаваат). За оние кои забораваат Јунајтед и покрај тоа што е во криза овој клуб и понатаму заедно со Реал најбогатиот во Европа (смее да троши најмногу пари).

Потоа тука се надополнува и изјавата на Нејмар од пред неколку дена дека според него секој играч треба да заигра во Премиер лигата.

Како и да е нема дилеми дека тука би можел да се вклучи уште некој гигант доколку УЕФА се реши да ги пролистува документите на „светците“, но засега овие два клуба се истакнуваат како фаворити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…