Дома Македонски спорт Мак фудбал Станковски: Одлични подготовки во Охрид, квалитетно заокружен преоден рок

Станковски: Одлични подготовки во Охрид, квалитетно заокружен преоден рок

Работнички утре ги заокружува подготовките во Охрид и по пријателскиот натпревар против Пелистер, кој е закажан за во 12 часот во Струга, се враќа во Скопје. Тимот на Александар Влахо имаше одлични услови за работа и се чини дека ги искористи максимално квалитетно.

Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен од условите што ги понуди Охрид во период кога поради пандемијата со коронавирусот Анталија ќе беше и ризична дестинација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Одлучивме оваа година да ги одработиме зимските подготовки во Македонија и се чини дека не погрешивме. Охрид ни понуди одлични услови за работа, во најголем период и не послужија и временските услови и мислам дека треба да бидеме задоволни. Ја заокружуваме оваа фаза од подготовките и утре, по тест – натпреварот со Пелистер, тимот се враќа во Скопје“вели спортскиот директор.

Работнички доведе и седум засилувања во зимскиот преоден рок. Ростерот е засилен со квалитетни фудбалери кои треба да го подигнат нивото на играта во пролетниот дел од сезоната.

„Успеавме да го засилиме тимот со квалитетни засилувања од домашното првенство. Мислам дека сме добро покриени на сите позиции и дека Работнички поседува одличен натпреварувачки потенцијал за вториот дел од сезоната. Се разбира, ќе бидеме будни до истекот на преодниот рок и соодветно ќе реагираме доколку се појави ситуација за ангажман на уште некој квалитетен фудбалер. Но,во глобала,и јас и стручниот штаб сме задоволни од тоа што Работнички во моментот го има на располагање“, истакнува Горан Станковски.

Експедицијата утре патува за Струга, каде од 12 часот ќе го игра пријателскиот натпревар со Пелистер, а потоа и продолжува за Скопје. Глазурата на формата ќе се одвива во клупската база.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…