Дома Останати Кошарка Срби чувајте се! Малиот Дончиќ е роден за финалиња

Срби чувајте се! Малиот Дончиќ е роден за финалиња

Речиси нема спортист кој крена толку прашина на овие простори како што тоа го направи Лука Дончиќ (18) на Евробаскетот. Неверојатното словенско дете го воодушеви регионот, но и светот со своите игри на Евробаскетот, каде што вечерва во 20:30 против Србија во Истанбул ќе го одигра големото финале.

Во него нема страв. Кога е критично, Дончиќ ја превзема одговорноста како да е двојно постар, а постигнување клучни кошеви за него е како „добар ден“. За Реал беше тој кој ги решаваше натпревари во првенството и Евролигата, а како дете знаеше, благо речено, да доминира во финалето.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пред пет години во финалето на турнирот до 13 години за Олимпија постигна 54 коша со 11 скокови и десет асистенции. Добро прочитавте, 54. Неколку месеци подоцна претставниците на Реал беа во Љубљана само со една идеја – да го доведат детето во Мадрид.

Дончиќ во репрезентацијата го сакаа Србија, Црна Гора и Шпанија, каде што живееше три и пол години и имаше право да игра. Но, Лука ја одбра Словенија, а неговата мајка откри дека дилемата никогаш не постоела.

„Тој е феноменален. Има неверојатен талент и мислам дека ги има сите предиспозиции да биде голем НБА играч. Тоа едноставно мора да се случи“, изјави Пау Гасол, откако него и друшството малито Лука ги уништи во финалето.

Само што Лука одамна не е „мал“, а не е ниту „дете“. Дончиќ е веќе голем играч пред кого е голема кариера.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …