Селекцијата на Србија вечерва го игра најважниот натпревар во досегашниот тек на Мундијалот и тоа не против било против кој противник, туку поритв моќниот Бразил кој е еден од фаворитите за освојување на титулата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразил за натпреварот против Србија од третото коло во групната фаза на Мундијалот во Русија се спрема како и за било кој друг, очекуваат победа која им е неопходна за место во 1/8 финалето.
Од друга страна за Србија ова е натпревар на деценијата, натпревар „да се биде или не“. Колку е важен овој натпревар говори и изјавата на капитенот на репрезентацијата, Александар Коларов кој истакна дека за него овој натпревар е финале во кариерата.
Традицијата очекувано е на страната на „Кариоките“, а нивниот скор во меѓусебните натпревар е катастрофален и не ги победиле уште од 3 јуни 1934 година (како дел од Југославија)! Сепак Србите се надеваат дека традицијата нема да одигра никаква улога вечерва.
Последниот меѓусебен натпревар (прв како самостојна држава) Србија и Бразил го одиграа на 6 јуни 2014 година како дел од припремите за Мундијалот на кој тие беа домаќини, таа средба заврши со минимална победа на Бразил од 1:0.