Дома Останати Кошарка СРАМ за „Најк“! – Дресовите во НБА се кинат како хартија!

СРАМ за „Најк“! – Дресовите во НБА се кинат како хартија!

nba

НБА лигата и компанијата „Најк“ во текот на летото го потпишаа еден од најголемите спонзорски договори вреден милијарда долари за осум сезони, но работите не се одвиваа онака како што очекуваа двете страни.

Што се случува?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, сезоната е на самиот старт, а играчите имаат огромни проблеми со дресовите.  Доволен е помал дуел или тегнење и ткаенината се распаѓа. Непријатниот проблем е забележител, па од „Најк“ мораа да одговорат.

„Компанијата „Најк“ секогаш ги става играчите на прво место и работевме напорно за да ја креираме најдобрата опрема во историјата на НБА лигата“, соопштија од познатата компанија.

„Актуелните дресови се полесни и им овозможуваат на играчите полесно и побрзо да се движат, а самите реакции на играчите беа најпозитивни. Меѓутоа во текот на натпреварите заебележавме дека дресовите на неколку кошаркари се скинаа. Загрижени сме поради тоа што се случи и сега работиме за да го пронајдеме најдоброто решение. Се надеваме дека вакви работи во иднина нема да се случуваат“, стои во соопштението од „Најк“.

Меѓутоа не беше соопштено колку нови дресови ќе им бидат испорачани на НБА клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби: Еве што вели Леброн за Јокиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите во пресрет на натпрев…