Странските спортски тв-канали кој се реемитуваат во Македонија до почетокот на 2022 година ќе треба да одат со коментар на македонски и албански јазик, оваа одлука ја донесе вчера Владата.
„Арена Спорт“ и „Спортклуб“ се телевизиите каде што се прикажуваат најголемите спортски настани и тие се со коментар на српски и хрватски јазик. Исклучок е кога македонската фудбалска репрезентација игра на домашен терен тогаш на „Спортклуб“ оди со македонски коментар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Препораката од владата е до сите што емитуваат спортски содржини најдоцна до 31. декември да започнат да ги имплемнтираат измените.