Според последните најави од Италија, Леонардо Спинацола ќе ја напушти Рома, но ќе остане во италијанскиот фудбал. Информациите се дека негова следна дестинација може да биде Наполи.
Договорот на Спинацола со Рома истекува за два дена и тој слободно би можел да се пресели во новата средина, а „волчицата“ не покажала некој посебен интерес да го задржи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Спинацола веќе има договорено нов тим и тоа треба да биде Наполи. Најавите се дека со тимот предводен од Антонио Конте ќе потпише договор на една година со можност за продолжување на уште една.