Дома Тенис Спектакл во најава: Федерер и Надал ќе играат на „Сантиаго Бернабеу“

Спектакл во најава: Федерер и Надал ќе играат на „Сантиаго Бернабеу“

Роџер Федерер одлучи да ја заврши тениската кариера по Лејвер Купот, меѓутоа тој би можел да одигра уште еден меч, и тоа против најголемиот ривал Рафаел Надал.

„ЕСПН“ објави дека реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ би можел да биде домаќин на епска битка меѓу двајцата тенисери.

Имено, Реал Мадрид сака да организира тениски спектакл на нивниот стадион, кој ќе биде проштален меч на Федерер, а ќе игра против Рафа Надал.

Големите ривали би настапиле пред публика од 80.000 гледачи, а засега не е познат датумот, но мечот сигурно ќе приреди историски спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…