Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Кабиб Нурмагомедов веројатно ќе има нова борба за својот најголем ривал, Конор Мекгрегор и тоа на 13 април.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт најави дека реваншот меѓу двајцата борци би можел да се одржи во 2019 година, а ММА-тимот на Дагестан денес има мистериозна објава.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тие на Твитер испратија порака за УФЦ 236, а дали тоа значи дека токму тогаш ќе ги видиме двајцата борци, ќе дознаеме набрзо.
УФЦ 236 настанот е закажан за 13 април. Уште не е познато каде ќе се одржи, но во меѓувреме двајцата борци треба да одат на сослушување кај Атлетската комисија поради хаосот кој се случи на нивната последна бора.
#UFC236 ?
— MMA TEAM DAGESTAN (@MMATeamDagestan) January 2, 2019