Дома Фудбал Спасот за Барселона доаѓа од Дубаи?

Спасот за Барселона доаѓа од Дубаи?

Eкипата на Барселона се наоѓа во тешка финансиска криза, а долговите на каталонскиот гигант надминаа милијарда ипол евра.

Поради тоа Каталонците беа принудени да ги намалат платите на апсолутно сите во клубот, а скапите засилувања станаа само сон за тимот од „Камп Ноу“. Меѓутоа шпанските медиуми тврдат дека потенцијалниот спас за Барселона пристигнува од Дубаи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Компанија од Обединетите Арапски Емирати и понуди на Барселона можност за исплата на долговите. Според понудениот договор компанијата од Дубаи би ја исплатила целата сума, додека Барселона овие пари би ги враќала во наредните години со многу мала камата на годишно ниво.

Исто така на Барселона и е понудена опција две години да биде ослободена од исплата на долгот кон компанијата. Од раководството се уште не одговориле на понудата, меѓутоа одлуката веројатно ќе биде донесена брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело брутално искрен: Што освоил тој за да биде топ тренер? Го сметаат така затоа што Гвардиола го спонзорира…

Италијанецот Де Зерби кој го води Брајтон често во изминатиот период се вбројува помеѓу то…