Дома Фудбал Спалети јасно ги кажа неговите планови по Наполи

Спалети јасно ги кажа неговите планови по Наполи

Лучијано Спалети заминува од Наполи иако на овој тим му ја донесе титулата по 33 години пауза.

Заминувањето веќе го потврди Аурелио Де Лаурентис, а сега се огласи и самиот Спалети кој порача дека сака да одмори од фудбалот.

„Треба да одморам, се чувствувам уморен, морам да бидам далеку од фудбалот. На претседателот му кажав дека ја прекинувам оваа сезона и нема да го водам Наполи наредната, ниту било кој друг клуб“, изјави италијанскиот стратег.

Спалети во Наполи пристигна во 2021 година и негов последен натпревар ќе биде дуелот со Сампдорија од последното коло во Серија А в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Ливерпул со 3-1 го освои „Селхурст парк“ и се искачи на четвртото место, додека четвртиот …