Дома Трансфер зона Спалети добива дефанзивец од Бундеслигата?

Спалети добива дефанзивец од Бундеслигата?

Лучијано Спалети и Валтер Сабатини се спремни во редовите на Интер да го доведат дефанзивецот на германски Шалке.

Во прашање е Матија Насташиќ за кого на почетокот на преодниот рок се очекуваше да премине во екипата на Рома, но тој трансфер пропадна. Сега, Интер во Настасиќ гледа идеална замена за Гари Медел и Џејсон Мурлио кои беа продадени.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единствен проблем во реализацијата на овој трансфер би можело да биде тоа што Интер веќе го договори Бразилецот Далберт и со тоа го пополни едното место за доведување на играч надвор од Европската унија. Доколку навистина Интер го доведе Настасиќ, тоа би значело откажување од бекот на ПСЖ, Серж Орие.

Интер ова лето до овој момент потроши нешто помалку од 75 милиони евра, но до затварање на трансфер пазарот остана уште нешто помалку од 20 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…