Фудбалерите на Баерн вчера во финалето го победија ПСЖ со минимални 1:0 и така по шести пат во својата историја станаа европски шампиони.
Победата на Баерн е добродојдена и за Ливерпул, а причината е Фелипе Кутињо кој оваа сезона во германскиот клуб игра како позајмен играч. Поради освоената титула на Бразилецот со Баерн, Барселона на Ливерпул ќе мора да му плати пет милиони евра поради клазулата во договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според договорот помеѓу Баерн и Барселона, платата на Кутињо ја исплаќа Баерн додека клазулите во договорот се задача на Барселона.
За на Каталонците да им биде потешко Кутињо во победата од 8:2 против Барселона и два пати се запиша во листата на стрелци.
Philippe Coutinho wins the Champions League, which triggers a clause in his contract, meaning Barcelona owe Liverpool another €5m ?#UCLFinal pic.twitter.com/vp6VpEAD6I
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) August 23, 2020