Дома Фудбал Англија Сон никој не можел да го смири, Тотенхем го испраќа на психолог?

Сон никој не можел да го смири, Тотенхем го испраќа на психолог?

Фудбалерот на Тотенхем вчера беше шокиран откако со ненамерен старт придонесе Андре Гомеш да заработи повреда која во прашање ја доведува неговата кариера.

Сон заработи исклучување, но тоа не му беше важно кога виде во каква ситуација е Гомеш. Кореецот теренот го напушти шокиран и во солзи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Деле Али потврди дека Сон неутешно плачел и во соблекувалната, а Покетино изјави дека неговиот фудбалер е буквално емоционално уништен.

Поради таквата ситуација клубот на Сон му понудил помош од психолог.

Останува да се надеваме дека Гомеш ќе успее да се врати на терените после долгата пауза, но и дека Сон ќе успее да се собере и да продолжи да игра натпревари на своето препознатливо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Овие зборови од Нејмар сигурно значат: Тоа момче ќе освои барем три-четири „Златни топки“

Нејмар неодамна повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност со своите изјави. О…