Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер вчера оствари нова победа на клупата на Црвените ѓаволи.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед овој пат беа подобри на гостувањето против Тотенхем со 1:0, а ова беше шеста победа во низа за Норвежанецот на клупата на клубот од Олд Трафорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Тотенхем, Јунајтед ги победи Кардиф, Хадерсфилд, Борнмут, Њукасл и Рединг.
Солскјер на овој начин стана првиот тренер во историјата на славниот англиски клуб кој стартувал со шест победи во низа.
Инаку, во наредното коло Црвените ѓаволи го пречекуваат Брајтон па секако се очекува и седмата победа, доколку не се случи некое големо изненадување.