Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер би можел во јануари да добие три квалитетни засилувања.
Англиските медиуми објавија дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да потроши 120 милиони фунти на Лаутаро Мартинез и Леонардо Паредес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај нив двајца, во Манчестер треба да пристигне и гол-сензацијата Ерлинг Халанд, за кого медиумите на Островот тврдат дека веќе го договорил трансферот на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ мора да ангажираат нови засилувања поради катастрофалниот прв дел од сезоната во која победија на само шест од 16 натпревари.
Јунајтед го сака Мартинез, кој досега постигна осум голови во Серија А и пет во Лигата на шампиони, а од друга страна Халанд постигна 28 погодоци за Салцбург.
Што се однесува со Паредес, тој не успеа да се наметне во Пари Сент Жермен, каде ретко добива шанса, па е спремен да ја промени средината.