Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер посакува Хуан Мата да остане во Манчестер Јунајтед.
Откако дојде Солскјер, Јунајтед врза шест победи, тимската атмосфера е на повисоко ниво, што е и нормално, посебно сега откако го победија Тотенхем во Лондон и се врати надежта дека можат да изборат пласман во топ 4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека Мата претходно беше на излезните врати, сега наводно Солскјер е одлучен Шпанецот да го задржи во тимот.
Договорот на Мата му истекува по крајот на сезоната, а се шпекулираше дека ќе замине во Шпанија, но Норвежанецот планира да го задржи.
Агентот на Мата оваа недела ќе се состане со челниците на Јунајтед и ќе разговара за условите во новиот договор.
Поранешниот играч на Челси во Јунајтед пристигна во јануари 2014. година, одигра 207 натпревари и постигна 44 погодоци.