Оле Гунер Солскјер го препороди Манчестер Јунајтед, а сега откри одлични вести за иднината на двајца многу важни фудбалери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер откри до каде се преговорите за продолжување на договорите со Марсијал и Де Геа.
Сегашните договори на француското крило и шпанскиот голман истекуваат на крајот на следната сезона, но раководството на „црвените ѓаволи“ се надева дека ќе успее да задржи двајца од своите најдобри играчи.
„Клубот мислам дека направи прогрес во преговорите, но ја тоа го оставам на луѓето кои се задолжени за тие работи. Не знам колку сме блиску до продолжување на договорот со нив, но се надевам дека во следните две недели ќе добиеме позитивни вести“, изјави Солскјер.