Tренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер се појави денес на прес-конференција и ги изнесе очекувањата од натпреварот против Ливерпул кој на распоред е во недела.
„Црвените ѓаволи“ се во лоша форма и во овој момент се наоѓаат на 12-тата позиција во Премиер лигата. На гости им доаѓа првопласираниот Ливерпул кој сигурно ќе сака да ја продолжи победничката низа. Сепак, Солскјер има нешто поинаков план.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакам да губам, но во истовремено знам дека овој клуб ќе се врати. Долго не победивме на гости. Тоа е нешто што цело време не ми излегува од глава. Оптимистичен сум, на секој нареден натпревар гледам како нова прилика. Не чека сега натпревар против Ливерпул и овој натпревар е можност да ги свртиме работите“.
„Многу работи треба да се поклопат. Мораме да бидеме спремни и мислам дека играчите е спремни. Ливерпул направи одлична серија и изгледаат одлучно, но ние сме Манчестер Јунајтед, имаме и ние добри играчи. Поради ваквите натпревари играчите доаѓаат во големи клубови“, изјави Солскјер.