Сезонава Манчестер Јунајтедн 23 натпревари е без пораз на гости во ПЛ, меѓутоа дома работите не им одат баш најдобро.
Тимот од „Олд Трафорд“ беше поразен на чеитри првенствени дуели, а менаџерот на ЈУнајтед, Оле Гунар Солскјер посочи малку и бизарна причина зошто Јунајтед не играл така добро и дома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На стадионот ќе видите промен. Транспарентите повеќе не се црвени. Можеби чудно е да се наведе тоа како причина за лошата форма дома, но за некои фудбалери тоа беше пороблем. Кога треба да донесете брза одлука и кога ќе погледнете низ очите на вашиот соиграч ќе видите црвен дрес, црвена позадина, црвени седишта…тоа малку пречи. Го сменивме тоа така што направивме антирасистичка кампања“, изјави Солскјер.
Со сменетите банери Манчестер Јунајтед дома одигра еден натпревар и го победи Брајтон со 2:1.