Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солсјкер се надева дека тимот ќе може да се засили до крајот на преодниот рок, кој се затвора на 5 октомври.
Досега клубот од „Олд Трафорд“ успеа да го привлече само Дони ван де Бек, но не успеа да ја реализира најголемата трансфер цел, Џејдон Санчо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека можеме да влеземе во новата сезона со самодоверба поради начинот на кој ја завршивме претходната. Покажавме за што сме способни и успеавме да напредуваме во текот на сезоната. Треба да продолжиме во оваа насока и да го покажеме нашиот потенцијал. Потребна ни е поголема упорност. Но, сега имаме уште една година искуство и тоа треба да ни ја донесе таа истрајност“, изјави Солксјер.
Запрашан за можни нови трансфери, а особено за Џејден Санчо, Солскјер изјави:
„Секако, успеавме да завршиме добра работа со привлекување на Дони. Многу сме среќни што го доведовме. Тој е исклучително момче кое ќе ни помогне и ќе донесе нешто ново. Не можам да кажам ништо за играчи на други клубови. Не можам да шпекулирам. Се разбир дека треба да го развиваме она што го имаме и да го засилиме тимот, но да почекаме и да видиме дали можеме да привлечеме некој нов фудбалер“.