Дома Актуелно Солскјер има план: Следното лето на „Олд Трафорд“ пристигнува голема ѕвезда

Солскјер има план: Следното лето на „Олд Трафорд“ пристигнува голема ѕвезда

Манчестер јунајтед на отворањето на сезоната не игра најдобро, а нападот на „црвените ѓаволи“ е значително ослабен со заминувањето на Лукаку и Санчез.

Солскјер не донесе замена за двете големи ѕвезди, а денес англиските медиуми го открија планот и тврдат дека Солскјер ќе прави промени наредното лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој не сакаше привремени решенија во овој преоден рок, па поради тоа беа стопирани некои трансфери.

Негова најголема желба е да ја доведе ѕвездата на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.

Фудбалерот игра одлично во последно време, па би бил големо засилување за „ѓаволите“, но Дортмунд нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра.

Манчестер Јунајтед ќе чека до наредното лето, каде ќе биде спремен да понуди 100 милиони евра, сума која клубот ќе ја добие од трансферите на Лукаку и Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…