Манчестер Јунајтед вчера со три бода се врати од гостувањето кај Вест Хем (1:2). Херој беше Давид Де Геа кој во последните минути одбрани пенал, а Роналдо и во овој натпревар се запиша во листата на стрелци.
После натпреварот тренерот Солскјер не зборуваше многу за победата или одбранетиот пенал на Де Геа, туку за односот на судиите кои го имаат кон Роналдо. Солскјер смета дека имало два пенали врз Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Врз Роналдо имаше два пенали. Тоа беа пенали како планина. Противникот ја постави ногата во првиот случај, додека во последниот Зума не ја допра топка и го го собори во шеснаесетникот. Роналдо протестираше за два пенали, а не доби ниту еден“, изјави Солскјер.