Дома Фудбал Англија Солскјер: Имаме напад кој ќе му создаде големи проблеми на ПСЖ

Солскјер: Имаме напад кој ќе му создаде големи проблеми на ПСЖ

Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер има 10 победи на 11 меча, а сега во Лигата на шампиони го пречекува Пари Сент Жермен.

Норвежанецот знае дека тимовите не сакаат да гостуваат на „Олд Трафорд“ кога „црвените ѓаволи“ се во форма, а притоа ПСЖ има сериозни кадровски проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Треба да го негуваме стилот на Манчестер Јунајтед, бидејќи многу малку тимови сакаат да гостуваат на Олд Трафорд“, изјави Солскјер.

„Треба да веруваме во нашите квалитети и да ја пренесеме играта во полето на противникот. Во овој клуб секогаш динамиката во нападот била клучна. Јас располагам со одлични напаѓачи кои можат да му создадат големи проблеми на ПСЖ“, заклучи Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…