Дома Фудбал Англија Солскјер за натпреварот со Лидс: Ако имаше публика можеше да биде 12:4

Солскјер за натпреварот со Лидс: Ако имаше публика можеше да биде 12:4

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од победата на својот тим против Лидс од 6:2 во натпреварот од 14. коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ со натпревар помалку имаат пет бодови помалку од Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Игравме фантастично од првата минута. Замислете на стадионот да имаше 75.000 луѓе. Натпреварот ќе влезеше во историјата како еден од најголемите против Лидс. Резултатот можеше да биде и 12:4, таков беше натпреварот“, смета Норвежанецот.

На Солскјер му се допаднала играта на неговиот тим.

„Играта беше луда, брза…Без оглед на резултатот Лидс секогаш има ист стил и на 5:0 и на 0:5. За местото на табелата не сакам да зборувам, рано е. Се уште не сме поминале ниту поовина пат, но гледам напредок“, изјави Солскјер.

Во следното коло Јунајтед ќе му гостува на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…