Дома Фудбал Англија Солскјер бара нови договори за пет ѕвезди

Солскјер бара нови договори за пет ѕвезди

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер побарал од раководството што е можно побрзо да потпише нови договори со пет клучни фудбалери.

Станува збор за Лук Шо, Хари Мегваер, Бруно Фернандеш, Маркус Рашфорд и Пол Погба, кој се уште одбива да потпише нов договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Управата веќе работи на нови договори за овие фудбалери и секој од нив ќе добие зголемување на платата.

Фернандеш има уште пет години од договорот, но во моментов добива 100.000 фунти неделно и со новиот договор ќе добие зголемување на 300.000 фунти.

Интересно е што Солскјер не се откажува од Погба, иако Французинот влезе во последната година од договорот и се шпекулира дека следното лето ќе замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен проектил на Собослај, Слот во чудо (ВИДЕО)

Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третоли…