Фудбалерот кој долги години го носеше дресот на Барселона, Хавиер Маскерано, денес се збогува со своите соиграчи и со управата на клубот.
Аргентинецот заминува во Кина каде што ќе настапува за Аргентинскиот Хебеи Фортун.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Завршува мојот сон, знаев дека еден ден ќе морам да заминам, а тоа ми беше најтешко. Како што изимнуваа годините добивав се помалку минутажа, па така во договор со управата одлучивме дека најдобро за мене и за Барселона е да си заминам. Реалноста е она што морате да го прифатите, ќе ги паметам сите денови поминати во овој клуб“, зборуваше Маскерано кој не издржа па пушти и по некоја солза.