Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари гарантира дека никој во неговиот клуб не се плаши од Лео Меси пред двата дуели со Барселона оваа недела.
Утре двата шпански гиганти ќе ги одмерат силите во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот, а потоа во сабота Барселона повторно гостува на „Сантиаго Бернабеу“ во дуел од Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Страв од Меси? Тој збор не постои во речникот на ниту еден фудбалер на Реал Мадрид“, категоричен беше Солари.
„Ужваме да играме во овој турнир и веќе сме во полуфиналето. Првиот дуел беше многу интересен, се надевам дека така ќе биде и утре“, додаде тренерот на „кралевите“.
Аргентинскиот стратег одби да одговори на прашањата повразани со Герет Бејл за кого медиумите тврдат дека се изолирал од соиграчите.
„Вие да не сте зборувале лично со Бејл? Знам што сакате да направите, но гледам дека Бејл и остантите фудбалери се насочени само кон утрешното Ел Класико. Сите мислат само како да победиме. Не сакам да мислат за ништо друго. Ова е тим кој е шампион на Европа веќе 1.000 дена, но тоа не се цени. Можеби дури после 50 години луѓето ќе ја сватат големината на овај тим“, нервозно одговори Солари.
Првиот натпревар на „Камп Ноу“ заврши со резултат 1:1, а утрешниот меч на „Сантиаго Бернабеу“ се игра со почеток од 21 часот.
Training | Solari had all his players available except for Marcos Llorente, who is still recovering from injury. pic.twitter.com/ecEoGhCXCS
— Real Madrid Info (@RMadridInfo) February 26, 2019