Дома Фудбал Солари: Разочарани сме, требаше да бидеме во финалето

Солари: Разочарани сме, требаше да бидеме во финалето

solari

Реал Мадрид вчера доживеа елиминација во полуфиналето од шпанскиот куп и тоа од страна на најголемиот ривал, Барселона.

Откако во првиот натпревар на „Ноу Камп“ беше 1:1, Барселона вчера славеше со високи 0:3 и така обезбеди место финалето. Сепак треба да се истакне дека Реал имаше многу повеќе обиди кон противничкиот гол, но сепак ниту една прилика не успеа да претвори во погодок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот своја кратка изјава даде тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.

„Требаше да постигнеме гол и да бидеме во финалето, создадовме многу прилики…Но не постигнавме гол…Во фудбалот постојат голови и шанси. Ние имавме само шанси, но ниту една не претворивме во погодок. Сега тажни си одиме дома“, изјави Солари, а на крајот потенцираше и дека тимот треба да продолжи со ваквата игра.

https://www.youtube.com/watch?v=1jGBJvRxjo8

„Мораме да продолжиме со ваквите игри. Ако играме на овој начин победите сигурно ќе дојдат. Се имавме освен голови“.

На крајот стратегот на Реал Мадрид доби прашање и за настапот на Регулион и Винисус.

„Регулион и Винисус вечерва беа навистина добри. Регулион, поточно беше фантастичен, Винисус беше многу добар, но му недостасуваше завршница“, одговори Солари.

Интересно е што младиот Винисус имаше повеќе удари (6) кон противничкиот гол отколку целиот тим на Барселона (4).

Ќе потсетиме, веќе во сабота ќе гледаме ново „Ел Класико“ овој пат во рамките од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…