Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари се наоѓа пред првиот свој голем предизвик во кариерата, мечот со Барселона во Купот на кралот.
Солари седна на клупата на „кралевите“ токму после поразот на „Камп Ноу“ од 5:1 во Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакаме да победиме и да ги освоиме сите турнири во кои учествуваме. Целта е да играме мотивирано во сите турнири, па секој меч е како финале за нас. Скоро сите фудбалери се здрави и се спремни, најважно е сите да го дадат максимумот за тимот“, изјави Солари.
„Во фудбалот нема фудбалери кои се сигурни стартери. Сезоната е долга и понекогаш се случуваат непредвидливи работи. Ќе одлучам утре кој ќе игра. Секогаш е добро кога можеш да сметаш на скоро целиот тим“, додаде Солари.
⚽? ¡Ya está en marcha nuestro último entrenamiento antes del #RMClasico! #RMCity pic.twitter.com/V2T7qo2NKd
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) February 5, 2019