Арсенал и Сократис не пронајдоа заеднички јазик во преговорите, па грчкиот дефанзивец и официјално е слободен фудбалер.
Оваа вест ја објави реномираниот „Скај Спорт“, а потоа беше потврдена и од Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сократис претходно се доведуваше во врска со Севиља и Бетис, одби и понуда од Џенова, а од денес се појавија информации дека е во преговори со Шалке.
Во дресот на Арсенал Сократис одиграл 44 натпревари и постигна три гола. Во Арсенал пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд. Покрај Арсенал и Борусија играше уште за Вердер, Милан, Џенова, Волос, кариерата ја започна во АЕК.
🗞 Working closely with @SokratisPapa5 and his team, we have decided to cancel his contract by mutual consent
— Arsenal (@Arsenal) January 20, 2021