Нема крај на проблемите за словенечката ракометна репрезентација и селекторот Веселин Вујовиќ. Неколку дена откако Словенците останаа без искусниот пикер Матеј Габер, денеска повреда заработил и Вид Кавтичник.

Ракометарот на Монпелје заработил повреда на раката за време на денешниот тренинг, односно расеченица меѓу два прста поради што морало да се интервенира со шиење.

Првичните најави се дека Кавтичник ќе мора да одмора десетина дена, што значи дека ќе го пропушти почетокот на ЕП во Хрватска, односно дуелот против Македонија кој Словенците го играат на 13. јануари во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Инцидент на ракометен натпревар во Белград: Играч нокаутиран, татко му влета на теренот

Натпреварот меѓу Лавови и Партизан во ракометната лига беше обележан со инцидент во 54. ми…