Второто издание во Лигата на Нации Македонија го заврши вчера со поразот од Ерменија на Кипар (0:1).
Бевме блиску, но сепак не успеавме да се пласираме еден ранг погоре, односно во „Б“ лигата па и во наредното издание ќе играме во Лигата „Ц“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, до третото издание на Лигата на Нации ќе има пауза подолга од една година. Повторно ова натпреварување ќе се игра во 2022 година и тоа од 2. јуни до 27. септември.
Причината што ќе се игра во еден ваков необичен термин е завршницата на Мундијалот во Катар. Терминот на фудбалерите сигурно нема да им се допадне со оглед дека ќе се игра преку лето.
Во наредното издание Македонија во Лига Ц ќе игра со:
Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Фарски Острови, Грузија, Гибралтар, Грција, Косово, Литванија, Луксембург, Македонија, Северна Ирска, Словачка, Турција и две репрезентции од Кипар, Естонија, Казахстан и Молдавија кои играат плеј-аут.