Дома Фудбал Славниот клуб го претстави Робињо: Последно поглавје…

Славниот клуб го претстави Робињо: Последно поглавје…

Бразилскиот фудбалер Робињо летоска го раскина договорот со турскиот Башакшехир, а сега е претставен како ново засилување на бразилскиот великан Сантош.

Последните три години Робињо играше во Турција за Сиваспор и Башакшехир, но одлучи да се врати во Бразил и да потпише со клубот каде ја започна кариерата – Сантош.

Тој токму од Сантош летото 2005. година за тогаш огромни 43 милиони евра премина во Реал Мадрид.

„Последното поглавје на една од најголемите приказни на Сантош. Педалада се врати.“ – напиша бразилскиот клуб на официјалната страница.

Според бразилските медиуми, Робињо потпишал двегодишен договор и ќе заработува само десет долари месечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред Тотенхем: Со срце, но и со ладна глава во дербито!

Челси брка седма последователна лигашка победа над Тотенхем, а Чаби Алонсо бара контрола н…