Славниот германски напаѓач Мирослав Клосе кој важи и за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот како што стојат работите ќе се врати на тренерската работа.
Клосе од март е без ангажман откако доби отказ во австрискиот клуб Алтах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на германскиот „Скај“, Клосе е еден од кандидатите за нов тренер на германскиот второлигаш „Скај“. На клупата на овој тим светскиот шампион од 2014 година би го наследил Дирк Шустер.
Во овој момент Кајзерслаутен е на 11. место на табелата со 18 бодови и серија од три порази во низа. В сабота ги очекува натпреварот против Магдебург на гостински терен.