Дома Останати Кошарка НБА Скандал: НБА ѕвезда може да заврши три години во затвор!

Скандал: НБА ѕвезда може да заврши три години во затвор!

Кошаркарот на Шарлот, Мајлс Бриџис би можел повторно да се најде зад решетки.

Бриџис минатата година беше уапсен во Лос Анџелес поради насилство во неговото семејство откако ја претепал неговата сопруга Мишел Џонсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таа објави на социјалните мрежи фотографија од повреда како и извештај од доктор во кој се наведува дека помеѓу останатото се здобила и со потрес на мозок, фрактура на носот, модрици…

Судот тогаш му изрече 10-годишна забрана за приоѓање до Мишел, а доби казна и од НБА со суспензија од 30 натпревари. Изгледаше дека во претстојната сезна ќе се врати на големата сцена, но од тоа веројатно нема да има ништо..

Бриџис според последните информации на медиумите во САД ја прекршил забраната, а освен тоа и го искршил стаклото од автомобилот на Бриџис. Ако сето тоа се потврди многу лесно би можел да преседи уште една сезона надвор од паркетот, а му се заканува и тригодишна затворска казна.

Инаку, неговиот договор со Хорнетси е на една година и има вредност 7.9 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел“

Во натпреварите кои се последни за Клоп на клупата на Ливерпул, германскиот стратег влезе …