Дома Останати Скандал: На официјалниот профил на АТП објавени фотографии од „Голема Албанија“

Скандал: На официјалниот профил на АТП објавени фотографии од „Голема Албанија“

Профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) на Фејсбук и Твитер бил хакиран од група Албанци кои постираа објава со која го честитаат денот на независноста на Албанија со фотографии од знамето на „Голема Албанија“.

Поставената фотографија е од натпреварот помеѓу Србија и Албанија од скоро пред една деценија кога овој симбол пред една деценија беше внесен на стадион во Белград.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација“, стои во објавата.

Пораката стоеше неколку часа на профилот на АТП, а многумина сметаат дека овој потег на албанските хакери е одговор на однесувањето на српските тенисери на Дејвис Купот каде што излегуваа на терен со песната „Весели се српски роде“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…