Екипата на Јувентус вчера го одигра веројатно најдобриот натпревар во сезоната, со играч помалку скоро 70 минути тие успеаа да постигнат четири погодоци и да слават со 2:6 против Удинезе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, во редовите на шампионите на Италија би можел да се појави нов скандал, сличен на оној кој минатата година го предизвика Леонардо Бонучи кој подоцна премина во Милан.
Имено, едни од најголемите италијанските медиуми „Раи“ и „Скај Спорт“ тврдат дека Паоло Дибала при замената жестоко го навредил тренерот Масимилијано Алегри.
Според споментатите медиуми, првата ѕвезда на тимот излегувајќи од теренот на шпански изустил: „Пи*ка ти ма*тер…“
Минатата сезона Алегри за ваков сличен потег го казни Бонучи со неиграње во Лигата на шампионите против Порото, а неколку месеци подоцна тој и го напушти клубот.
Останува да се види како ќе реагира и Алегри и дали ќе има сакнции за Паоло Дибала.
#Dybala al momento del cambio: "Concha de tu madre" pic.twitter.com/I5R88wNhvS
— Mauro Cossu (@maurocossu90) October 22, 2017