БРАЈАН САРАГОСА МАРТИНЕЗ (22), брз дриблер од левото крило на Гранада, довчерашен второлигаш, во само деветтиот настап во првата лига му успеа она што на многу големи ѕвезди не им успева во кариерата.
Марка го опиша чудото на Брајан вака: „Се вика Брајан Сарагоса, има 22 години и сам ја изеде цела Барселона“. Ас, вториот најчитан шпански спортски медиум пишува: “Тоа што го направи Брајан е скандалозно. Веќе можеме да кажеме дека го постигна голот на годината. Тоа го постигна со кршење на колковите на Кунде и Тер Штеген. Постигна апсолутно ремек дело“.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Вториот гол на Брајан погледнете го ТУКА