Дома Фудбал Англија Сити со сомнителни судиски одлуки направи пресврт и се пласира во полуфиналето

Сити со сомнителни судиски одлуки направи пресврт и се пласира во полуфиналето

Одличен натпревар одиграа Свонси и Манчестер Сити, а на крајот со голем пресврт Сити успеа да обезбеди пласман во полуфиналето во ФА купот.

Манчестер Сити беше голем фаворит на гостувањето кај второлигашот Свонси, но на крајот составот на Пеп се спасуваше во последните моменти, откако губеше на полувреме со 2:0.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Домашниот тим дојде до водство по головите на Гримес во 20. минута од пенал и на Целина во 29 минута.

Сити во тие моменти беше на колена, но во продолжение на натпреварот се врати и на крајот дојде до голема победа и пласман во полуфиналето.

Прво Бернардо Силва во 69. минута намали на 2:1, а потоа Агуеро преку сомнително досуден пенал во 78. минута изедначи на 2:2, за истиот играч пред крајот на натпреварот постигна втор погодок за целосен пресврт и победа на Граѓаните.

Беше очигледно дека Агуеро беше во офсајд, но ВАР нема и Сити се пласира понатаму. Сепак, според прикажаното Сити заслужи да оди понатаму, со оглед дека беше многу подобар тим од домашната екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Леверкузен не се задоволни со историската титула во Бундеслигата – сакаат тројна круна!

Неколку часа откако Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата за прв пат, тренерот…