Во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите, во првиот меч Манчестер Сити рутински славеше над Базел на гости со убедливи 4:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, мечот се чини беше решен по само 20тина минути, откако најпрво во 14. минута Гундоган го отвори резултатот. Четири минути подоцна Силва зголеми на 2:0, а веќе солидна предност „Граѓаните“ создадоа во 23. минута благодарение на погодокот на Агуеро. Последниот погодок за Сити го постигна Гундоган во 53. минута и тука стави точка на мечот.
Во вториот дуел, Јувентус и Тотенхем ремизираа 2:2 во Торини, па со 2 погодоци на гости, се чини Тотенхем нема да дозволи изненадувања на Вембли.
Игуаин по само 9 минути постигна два погодоци, но и беше трагичар кога во финишот на првото полувреме промаши удар од белата точка. На полувреме се замина со резултат 2:1, а негативата ја намали Кејн со погодок во 35. минута. Израмнувачкиот погодок за Спарси го постигна Ериксен во 71. минута и донесе голема надеж на англискиот сериозен противник пред реваншот.