Дома Трансфер зона Сити може да си ги дозволи Меси и Роналдо

Сити може да си ги дозволи Меси и Роналдо

Бразислкиот репрезентативец Фернандињо е убеден дека Манчестер Сити има доволно пари за да ги доведе Лионел Меси и Кристиано Роналдо, но дека не се вклопуваат во клупската филозофија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити потроши повеќе од 200 милиони фунти ова лето на Кајл Вокер, Бернардо Силва, Менџамин Менди и Едерсон.

„Дали можеме да ги доведеме Меси и Роналдо? Веројатно да, но мора да размислувате за приоритетите. Имаме финансиска моќ, сите го знаат тоа, но постојат приоритети. Клубот одлучува дали е подобро да се донесе еден играч или да се направи силен тим“, изјави Фернандињо.

„Некои луѓе мислат дека еден играч го прави целиот тим, но не е така. Сити имаше големи инвестиции, но проектот се базира на силен тим, на развивање на академијата“, додаде Бразилецот.

Една од таквите инвестиции е и Габриел Жесус кој одлучно се вклопи меѓу „граѓаните“.

„Кога ќе го погледнете денешниот пазар, не само Нејмар, туку и останатите фудбалери кои пристигнаа во Англија. Кога ќе видите колку пари се потрошени за нив, тогаш Габриел е навистина платен ефтино со оглед на неговиот квалитет“, заклучи Фернандињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…