Дома Македонски спорт Мак ракомет Сите селектори на Македонија: Лазаров ќе биде 21. и најмладиот

Сите селектори на Македонија: Лазаров ќе биде 21. и најмладиот

После Светското првенство во Египет Данило Брестовац доби отказ од селекторската функција на Македонија, денес за негов наследник е назначен Кирил Лазаров.

Имаше неколку опции, на кракот претседателот Живко Мукаетов и УО на РФМ одлучија довербата да му ја дадат на нашиот најдобар ракометар во историјата. Лазаров долги години беше лидер на теренот, а сега ќе се обиде да ја води Македонија од клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според договорот Лазаров прво ќе потпише договор на една сезона додека ја добие потребната лиценца, за потоа договорот да биде продолжен на уште четири години.

И покрај новата функција Лазаров нема да се пензионира, односно се уште ќе биде активен и на теренот. Треба да истакнеме дека тој 21. селектор на сениорската репрезентација на Македонија и е најмладиот до сега.

Сите селектори на Македонија: Славе Атанасовски, Ванчо Јовановски, Ристо Трпчевски, Стевче Стефановски, Цане Крстевски, Драган Здравковски, Љубомир Савески, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски. Илија Темелковски, Звонко Шундовски, Драган Нишевиќ, Зоран Живковиќ, Јошко Петковиќ, Драган Ѓукиќ, Веселин Вујовиќ, Ивица Обрван, Лино Червар, Раул Гонзалес, Данило Брестовац
Кирил Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…