Maкедонската фудбалска репрезентација овој месец ги продолжува квалификациските натпревари за Светското првенство, прво утре играме против Лихтенштајн на гости, а потоа дома ја пречекуваме Германија.
За четири дена распродадени се сите билети кои беа пуштени оналјн во продажба. Билетите со продажба почнаа во понеделникот по цени од 100, 300 и 500 денари, а очигледно интересот за да се следи Македонија против велесила како Германија бил огромен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, поради ковид протоколите дозволен е влез само со приложен сертификат за вакцинација, освен за лицата под 18 години. Во продажба беа пуштени околу 17.000 гледачи.