„Росонерите“ сериозно „загризаа“ за суперталентираниот напаѓач на Фламенго.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новинарот Фабрисио Романо, пренесува дека управата на Милан е спремна да понуди дури 50 милиони евра за еден од најталентираните напаѓачи во светот.
Токму толку изнесува и откупната клазулата во договорот кој овој напаѓач го има со Фламенго.
Станува збор за Линколн 17 годишникот кој големо внимание привлече на минатогодишното Севтско првенство за играчи до 17 години одржано во Индонезија.
Линколн тогаш постигна три погодоци, а неговото име во своите бележеници го запишаа скаутите на бројни гиганти на европскиот фудбал.
Во продолжение погледнете дел од квалитетите на Линколн на кого му се предвидува блескава иднина…