Синот на легендарниот Патрик Клајверт, Џастин одигра одлична сезона во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Интерес за него покажаа Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан и Барселона, но последните информации говорат дека Рома е фаворит за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клајверт може да игра подеднакво добро на десното и на левото крило, а неговиот договор со Ајакс истекува во 2019 година.
Поради тоа холандскиот клуб ќе биде приморан да го продаде големиот талент ова лето, за да заработи на неговото заминување.
Наводно неговиот агент Мино Раиола веќе постигнал договор со „волчицата“, па останува уште двата клуба да се договорат за отштетата.