Дома Трансфер зона Синот на легендарниот напаѓач може да биде замената за Халанд?

Синот на легендарниот напаѓач може да биде замената за Халанд?

Според информациите во медиумите, Борусија Дортмунд стапила во контакт со Џордан Ларсон, напаѓачот на Спартак Москва.

Станува збор за синот на поранешниот напаѓач, Хенрик Ларсон. Џордан своевремено беше дел и од фудбалската школа на Барселона, познатата „Ла Масија“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа играше за Хелсингборг и Норкопинг во Шведска и холандскиот НЕЦ.

Во 12 натпревари за Спартак оваа сезона постигна пет голови, а неговата вредност на трансфер пазарот во овој момент е девет милиони евра.

Ако Борусија Дортмунд навистина ги стартувала преговорите со Џордан тогаш заминувањето на Ерлинг Халанд станува поверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…