Дома Фудбал Англија „Сините“ беа поблиску до победата, ќе се одлучува на „Емирати“

„Сините“ беа поблиску до победата, ќе се одлучува на „Емирати“

Првиот натпревар од Лига купот помеѓу Арсенал и Челзи заврши без победник.

Во првиот натпревар помеѓу Челзи и Арсенал во рамките од полуфиналето во Лига купот победник немаше, натпреварот заврши без погодоци.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Челзи започна подобро, креираа неколку одлични напади, но вистинска шанса да го загрозат голот на Оспина немаше.

Арсенал создаде полуприлика преку Лаказет после додавањето Вилшер, а на другата страна се закани Мосес кој ја пропушти најдобрата шанса. Куртоа одлично интервенираше кон крајот на првиот дел после ударот на Ивоби.

Во вториот дел Челзи беше далеку подобар противник од Арсенал, Алонсо и Кристенсен прво се заканија после центаршутите на Канте, потоа повторно Алонсо имаше прилика, па следеше ударот на Мосес, обидот на Кристенсен…

Се редеа шанси пред голот на Оспина, Азар можеше да шутира но се одлучи да додаде па така пропадна уште една прилика за Челзи.

На крајот погодоци немаше, па патникот во следната фаза ќе го добиеме на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инцидент во Тетово: Гачевски погоден во глава! 🎥

Пред крајот на натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово дојде до инцидент во кој од …