Атлетико Мадрид ова лето сака да го засили нападот, со оглед на фактот што ќе истане без Фернандо Торес, а најверојатно и без Антоан Гризман.
„Ел Нињо“ ја одигра последната сезона за „јорганџиите“, а Гризман наводно веќе се договорил со Барселона која ќе ја активира откупната клаузула.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е дека Симеоне ќе мора да го засили нападот, а последното име кое го пласираа медиумите е напаѓачот на Лестер, Џејми Варди.
Варди имаше солидна сезона, а Симеоне бил импресиониран од неговите настапи во Европа.
31-годишниот Англичанец е заинтерсиран за нова авантура, а англиските медиуми тврдат дека трансферот може да се реализира за сума од 20 милиони фунти.