Дома Трансфер зона Симеоне најде замена за Торес – пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

Симеоне најде замена за Торес – пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

Атлетико Мадрид ова лето сака да го засили нападот, со оглед на фактот што ќе истане без Фернандо Торес, а најверојатно и без Антоан Гризман.

„Ел Нињо“ ја одигра последната сезона за „јорганџиите“, а Гризман наводно веќе се договорил со Барселона која ќе ја активира откупната клаузула.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јасно е дека Симеоне ќе мора да го засили нападот, а последното име кое го пласираа медиумите е напаѓачот на Лестер, Џејми Варди.

Варди имаше солидна сезона, а Симеоне бил импресиониран од неговите настапи во Европа.

31-годишниот Англичанец е заинтерсиран за нова авантура, а англиските медиуми тврдат дека трансферот може да се реализира за сума од 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…